Кошарка Меѓународна кошарка

Изненадување во Детроит и доминација на Оклахома, „Меџик“ и „Тандер“ со стартни победи

Орландо Меџик приреди мало изненадување на стартот на доигрувањето, совладувајќи го првопласираниот Детроит со 112-101 на гостински терен. Паоло Банкеро со 23 поени беше лидер кај гостите, а Франц Вагнер со клучна серија во финишот ја запечати победата, продлабочувајќи ја историската црна низа на „пистонси“, кои веќе 11 натпревари по ред не знаат за домашен триумф во плејофот. Кај домаќините не помогна ниту монструозната партија на Кејд Канингем, кој постигна рекордни 39 поени во својата кариера.

Во исто време на Западот, Оклахома Сити потврди зошто е на врвот, прегазувајќи го Феникс со убедливи 119-84. И покрај поскромниот процент на шут, Шеј Гилџус-Александар ги предводеше стрелците со 25 поени, додека кај „сонцата“ потфрлија главните адути, со исклучок на Девин Букер.

Додека Детроит и Феникс ќе мора експресно да бараат корекции, Оклахома и Орландо со голем оптимизам ја продолжуваат серијата по првите одиграни мечеви.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести