Други спортови Тенис

Иванишевиќ откри која е најголемата битка на Новак Ѓоковиќ!

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, смета дека најголемиот предизвик за српскиот ас повеќе не се противниците на теренот, туку секојдневната борба да ја задржи мотивацијата и повторно да ги поместува сопствените граници.  Во интервју за хрватските медиуми, Иванишевиќ изрази уверување дека Ѓоковиќ има квалитет и психолошка сила да ја оствари својата желба и да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

„Го познавам добро и знам каков менталитет има. Ако некој може да издржи уште две години на највисоко ниво, тоа е Новак. Со распоредот што го има и со неговата глава, тоа е сосема возможно“, изјави хрватскиот стратег.

Тој направи интересна споредба со други светски спортски икони, истакнувајќи дека тенисот е многу поинаков од колективните спортови.

„Леброн има четворица соиграчи околу себе, Меси уште десетмина. Новак е сам. Секој ден мора самиот да се мотивира, да оди на тренинг и да ги повторува истите удари безброј пати. Тоа е најтешката битка“, потенцираше Иванишевиќ.

Двајцата соработуваа речиси пет години и заедно освоија девет гренд слем титули, период во кој Ѓоковиќ дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од најуспешните тенисери во историјата. По разделбата со српскиот шампион, Иванишевиќ започна нова тренерска авантура со францускиот талент Артур Фис, за кого верува дека наскоро ќе се пробие меѓу десетте најдобри тенисери во светот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.