Македонски фудбал Фудбал

Иван Варадиновски го презема Скопје, целта е јасна, опстанок!

Екипата на Скопје официјално го промовираше новиот шеф на стручниот штаб кој ќе го предводи тимот во продолжението од сезоната. На местото на Муарем Муарем, за нов предводник е назначен Иван Варадиновски.

Помошници на Варадиновски ќе му бидат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ. За Варадиновски и Настевски ова претставува враќање во добро позната средина, со оглед на тоа што двајцата во минатото со успех настапуваа за овој клуб како фудбалери.

Промената на тренерската клупа доаѓа во исклучително тежок момент за екипата. По осум одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, Скопје се наоѓа на последната десетта позиција на табелата со само три освоени бодови и е единствениот тим во првенството кој сè уште нема остварено победа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.