Европски првенства Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Иван Ракитиќ со остра критика кон модерната ВАР технологија

Иван Ракитиќ не штедеше зборови во својата последна критика кон модерната технологија, истакнувајќи дека ВАР системот полека го убива она што го прави фудбалот магичен – емоцијата. Искусниот хрватски интернационалец смета дека инсистирањето на совршенство е погрешно, бидејќи грешките на играчите и судиите се составен дел од спортскиот дух.

„Не го сакам ВАР, бидејќи ја обожавам спонтаноста во фудбалот. Судиите, исто како и фудбалерите, имаат право на грешка и тоа мора да го прифатиме“, дециден е поранешниот ас на Барселона.

За Ракитиќ, чекањето пред екраните е неприфатливо за динамиката на најважната споредна работа во светот, правејќи јасна разлика со другите спортови.

„Фудбалот не е кошарка, не може да чекате три минути за да дознаете дали смеете да се радувате на гол“, објаснува тој, додавајќи дека технологијата на гол-линијата и ВАР суштински го менуваат карактерот на играта.

На крајот, тој заклучува дека потрагата по математичка прецизност му одзема на фудбалот голем дел од неговата душа и непредвидливост.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести