Меѓународен фудбал Фудбал

Иван Ракитиќ ја напушти директорската функција во Хајдук Сплит!

По истекот на договорот, Иван Ракитиќ официјално ја заврши својата функција како технички директор на Хајдук. Со тоа завршува уште едно поглавје од неговата поврзаност со сплитскиот клуб, иако тој и понатаму ќе остане дел од неговото семејство. Поранешниот хрватски репрезентативец преку социјалните мрежи се прости од функцијата со кратка, но емотивна порака, истакнувајќи дека некои приказни никогаш не завршуваат, туку само добиваат ново продолжение.

Од Хајдук му се заблагодарија за придонесот што го даде како фудбалер и како член на раководството. Во клупското соопштение беше потенцирано дека неговото богато меѓународно искуство, професионалниот пристап и односот кон клубот претставувале пример за сите во тимот. Воедно, од сплитскиот клуб потврдија дека Ракитиќ нема целосно да се раздели со Хајдук. Во иднина ќе ја извршува улогата на амбасадор на клубот, продолжувајќи да придонесува за неговата промоција и развој надвор од терените.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.