Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Ива Младеновска потпиша за германскиот вицешампион Борусија Дортмунд

Македонската репрезентативка Ива Младеновска во следната сезона ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд, откако германскиот клуб денеска и официјално го потврди нејзиниот трансфер. Младеновска во редовите на германскиот вицешампион пристигнува од Франција, каде што во изминатиот период настапуваше за екипата на Безансон и стекна значајно меѓународно искуство на европската сцена.

Од раководството на Борусија Дортмунд не го криеја задоволството од ангажманот на младата македонска ракометарка, нагласувајќи дека со неа добиваат амбициозен играч со голем потенцијал кој веднаш ќе донесе квалитет во тимот. Германскиот состав зад себе има успешна сезона во која заврши на втората позиција во Бундеслигата, а за следната година амбициите се уште поголеми со оглед на тоа што клубот веќе аплицираше и за специјална покана за настап во Лигата на шампионите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.