Интер продолжува со добрите настапи во Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Ротердам славеше убедлива победа од 3:0 против Феенорд, во рамките на четвртото коло од основната фаза. „Нераѕурите“ уште од почетокот ја презедоа контролата и не му дозволија на холандскиот тим да се надева на позитивен резултат.
Резултатот беше отворен во осмата минута, кога Јан Бисек со силен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на домаќините. Предноста ја удвои Франческо Пио Еспозито во 34. минута, а конечниот резултат го постави Пјотр Зјелински во 54. минута со прецизен удар од далечина. Еспозито подоцна повторно постигна гол, но неговото второ погодoк беше поништен по интервенција на ВАР.
Со овој триумф Интер стигна до шест бода и привремено се искачи на 14. позиција на табелата, додека Феенорд остана со три бода на 30. место. Италијанскиот состав со сигурна партија ја потврди својата амбиција за висок пласман во елитното европско натпреварување.

