Новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џовани Малаго, подготвува голема реконструкција во националниот тим. Негова најголема желба е ангажман на Антонио Конте како нов селектор и Паоло Малдини на позицијата технички директор.
Малаго веќе го контактирал Конте, кој по завршувањето на сезоната си замина од клупата на Наполи. Идната недела се очекуваат официјални преговори за двегодишен договор со опција за дополнителни две години. Искусниот стратег веќе успешно ја предводеше Италија во периодот од 2014 до 2016 година.
Паралелно со ова, претседателот инсистира на именување на легендарниот Паоло Малдини за нов технички директор. Иако поранешниот ас на Милан повеќе се гледа во клупскиот фудбал, Малаго е упорен да му го промени мислењето. Доколку Малдини дефинитивно одбие, втора опција за оваа функција е Франческо Тоти.
Италијанската федерација со овие потези започнува комплетен процес на модернизација и реструктурирање. Главната идеја на новото раководство е итно донесување на нов долгорочен стручен план за развој на фудбалот.

