Италијанската фудбалска јавност и официјалните власти ставија крај на сите шпекулации за евентуално учество на Светското првенство 2026 преку административен пат. Иако во меѓународните кругови се појави идеја „Азурите“ да го заземат местото на Иран поради политички тензии, од Рим пристигна експресен и дециден одговор, такво сценарио е неприфатливо. Предлогот првично беше лансиран од Паоло Замполи, советник во администрацијата на Доналд Тръмп, кој сметаше дека Италија како четирикратен светски првак заслужува „покана“ од ФИФА, но италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, порача дека местото на Мундијалот се заработува исклучиво на теренот.
Претседателот на Олимпискиот комитет на Италија, Лучано Буонфиљо, отиде чекор понатаму нарекувајќи ја ваквата иницијатива навредлива за спортскиот дух на нацијата. Италија ќе го пропушти третиот последователен светски шампионат по неуспехот во квалификациите, каде заврши зад Норвешка, а потоа беше елиминирана во баражот од Босна и Херцеговина. Со овој потег, Италијанците покажаа дека достоинството и фер-плејот им се поважни од учеството на најголемата фудбалска сцена по секоја цена. Позицијата на властите е јасна, ако „Азурите“ не успеаја со резултат, нема да влезат на Мундијалот низ „задна врата“.

