Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Историски хонорари за судиите на Мундијалот!

Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува за само еден ден, ќе донесе историска заработка за фудбалските судии. Секој главен арбитар на турнирот ќе инкасира загарантирани 100.000 американски долари само за своето учество, што е двојно повеќе од хонорарите на Мундијалот во Бразил пред 12 години.

Оваа сума е само почетна точка. ФИФА подготви дополнителни бонуси за секоја рунда во елиминациската фаза, а судијата кој ќе ја дели правдата во големото финале на крајот ќе заработи близу 200.000 долари.

Колку се моќни овие мундијалски хонорари најдобро покажува паралелата со англиската Премиер лига, каде судиите за цела сезона (38 кола) земаат околу 180.000 фунти. Тоа значи дека само за појавување на претстојното првенство, арбитрите ќе добијат повеќе од половина од целогодишната плата во најбогатата лига на светот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.