Меѓународен фудбал Фудбал

Историска победа за Атлетико Мадрид, Јунајтед во тоне во длабока криза (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид стигна до својата прва победа во Лигата на шампионите оваа сезона, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:0. Со овој триумф, „јорганџиите“ за првпат во клупската историја совладаа англиска екипа во групната фаза од елитата. Мечот започна со експресен шок за гостите, откако младиот Пабло Бариос ја затресе мрежата уште во 53. секунда по асистенцијата на Алекс Баена.

Во продолжението се редеа шанси и стативи на двете страни, а на Мадриѓаните им беше поништен и еден гол преку ВАР-собата. Бруно Фернандеш беше најблиску до израмнување кога ја погоди рамката од голот на Облак, но сите надежи за Јунајтед згаснаа во 75. минута кога Лени Јоро заработи директен црвен картон. Само пет минути подоцна, Адемола Лукман ги постави конечните 2:0, запечатувајќи ја победата за тимот на Диего Симеоне и ставајќи го менаџерот Мајкл Карик во незавидна ситуација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.