Грузискиот клуб Иберија 1999 оствари историски успех откако за првпат во своето постоење обезбеди пласман во групната фаза од европските купови. Во реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на Европа, грузискиот претставник по продолженија го совлада северноирскиот Ларн со 2:1 и се пласираше во плејофот.
По почетните 0:0 на првиот меч, одлуката падна во Тбилиси. Домаќините поведоа преку Вахо Бедошвили во 74. минута, но само две минути подоцна 19-годишниот Џејмс Симпсон израмни на 1:1 и го одведе мечот во продолженија. Моментот на одлука се случи во 102. минута, кога Ника Сихарулашвили го постигна победничкиот гол за 2:1 и донесе огромно славје за својот тим.
Со овој пласман во плејофот за Лигата на Европа, Иберија во својата 27-годишна историја за првпат си загарантира најмалку настап во Конференциската лига. Во борбата за групната фаза од Лигата на Европа, Грузијците ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Јагиелонија и Ренџерс, додека Ларн ги продолжува квалификациите во плејофот за Конференциската лига.

