Дамите добиваат сѐ поголема и позначајна улога во машкиот фудбал, а најновиот историски чекор пристигнува од Турција. 22-годишната Зејнеп Местан, која веќе седум години е активна фудбалерка, официјално беше промовирана за нов главен тренер на Тургутлуспор, со што доби шанса да го предводи овој член на петтиот ранг во турскиот фудбал.
И покрај тоа што го презема кормилото на машкиот тим, Местан нема намера да ја заврши својата играчка кариера, туку ќе ја комбинира со тренерскиот занает. Од управата на Тургутлуспор соопштија дека младата Зејнеп ќе го предводи новиот реструктуиран систем на клубот и ѝ посакаа многу успеси во новата ера за црвено-црната заедница.
Младата фудбалерка веднаш се истакна и со јасна визија за иднината, претставувајќи амбициозен петгодишен план според кој Тургутлуспор треба чекор по чекор да стигне до елитната турска Суперлига. Нејзиниот ангажман е продолжение на позитивниот тренд во машкиот фудбал, кој започна минатата сезона откако Мари-Луиз Ета влезе во историјата како прва жена на клупата на клуб од „лигите петки“, станувајќи тренер на Унион Берлин.
Turgutluspor teknik direktörü Zeynep Mestan: “Avrupa’da Pep Guardiola’yı, Türkiye’de Sergen Yalçın’ı örnek alıyorum.
İlk 5 yılda hedefim Turgutluspor’u 1. Lig’e çıkarmak.” pic.twitter.com/mFXNoaE7Ms
— Türkiye Hakkında (@trhakkinda) September 9, 2026

