Историјата на Светските првенства е испишана на натпреварот меѓу Турција и Парагвај. На овој дуел за првпат беше применето таканареченото „правило на Винисиус“. Главен актер во овој историски момент беше репрезентативецот на Парагвај, Мигел Алмирон. Тој заработи директен црвен картон по интервенција на ВАР-собата. Судијата отиде да ја прегледа снимката по еден прекршок на средината од теренот. По враќањето донесе одлука која предизвика вистински шок кај јужноамериканската селекција.
Причината за исклучувањето беше детаљ кој им побегна на речиси сите присутни на стадионот. Алмирон поминуваше покрај еден турски фудбалер и ја покри устата со раката додека му се обраќаше. Според новото правило на ФИФА, ваквиот потег сега се санкционира со најстрога казна. Поради тоа, Парагвај мораше да го продолжи натпреварот со десетмина играчи во поле.
Оваа одлука предизвика огромно изненадување меѓу играчите, стручните штабови и навивачите. Ова е прв случај во историјата на Мундијалите некој да биде исклучен со примена на ова специфично правило. Фудбалерите во иднина ќе мора да бидат далеку попретпазливи при комуникацијата на теренот.
Miguel Almiron is handed a straight red for covering his mouth, the first adoption of the new rule at this World Cup.
Paraguay are down to 10 for the rest of this match against Turkiye. pic.twitter.com/2o8x41Y1n7
— ESPN FC (@ESPNFC) June 20, 2026

