Шпанскиот Суперкуп во 2027 година ќе се одржи во Турција, а домаќин на завршниот турнир ќе биде Истанбул. Натпреварите ќе се играат на „Ататурк Олимпискиот стадион“, соопшти Шпанската фудбалска федерација. Турнирот во форматот „Фајнал фор“ е закажан од 2 до 7 февруари, а за трофејот ќе се борат четири од најдобрите екипи од шпанскиот фудбал – Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.
Одлуката за промена на домаќинот доаѓа по неколку години во кои Саудиска Арабија беше центарот на шпанскиот Суперкуп. Сепак, Саудијците нема да бидат домаќини во 2027 година, бидејќи терминот на натпреварувањето се совпаѓа со одржувањето на Азискиот куп, најголемиот репрезентативен фудбалски турнир на азискиот континент.
Барселона во Истанбул ќе пристигне како актуелен освојувач на трофејот. Каталонскиот гигант во финалето на изданието во 2026 година го совлада Реал Мадрид и ја освои титулата. Шпанскиот Суперкуп се игра со учество на шампионот и вицешампионот во Ла Лига, како и финалистите од Купот на Кралот, што овозможува во завршницата да се сретнат четири од најатрактивните екипи во земјата.
Во 2027 година, токму Истанбул ќе биде сцената на која ќе се решава кој ќе го наследи или одбрани трофејот освоен од Барселона.
𝗖𝘂𝗮𝘁𝗿𝗼 𝗲𝗾𝘂𝗶𝗽𝗼𝘀.
𝗨𝗻 𝗻𝘂𝗲𝘃𝗼 𝗲𝘀𝗰𝗲𝗻𝗮𝗿𝗶𝗼.La #superSupercopa 2027 se disputará en Estambul.
ℹ️ Toda la información: https://t.co/riMUqwjWgQ pic.twitter.com/RFTd6M7kc5
— RFEF (@rfef) August 13, 2026

