Боречки спортови Други спортови

Ислам Махачев го сруши рекордот на легендарниот Андерсон Силва, сега е сам на врвот!

Рускиот ММА борец Ислам Махачев ја запиша својата 17-та победа по ред во УФЦ и официјално го претекна легендарниот Бразилец Андерсон Силва (16), со што застана сам на врвот на вечната листа со најдолга победничка низа во историјата на промоцијата.

Зад Махачев и Силва на оваа листа се наоѓаат Камару Усман со 15, Мераб Двалишвили со 14, како и имиња како Џорџ Сент-Пјер, Џон Џонс, Диметриус Џонсон, Хабиб Нурмагомедов и Макс Холовеј со по 13 последователни триумфи. Иако веќе си обезбеди посебно место меѓу најголемите на сите времиња, рускиот шампион истакна дека не планира да застане тука и дека негова следна цел е да стигне до барем 20 победи во низа за да го направи рекордот речиси недостижен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.