Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Искусниот Кеирош ќе ја води Гана против Англија, Хрватска и Панама на СП 2026!

Поранешниот стратег на Реал Мадрид и Португалија, Карлос Кеирош, официјално е именуван за нов предводник на репрезентацијата на Гана, пополнувајќи го празното место по отказoт на Ото Адо. Искусниот 72-годишен стручњак потпиша краткорочен договор со тамошната федерација до крајот на претстојното Светско првенство, со клаузула за продолжување на соработката на дополнителни две години доколку бидат постигнати зацртаните цели.

Кеирош, кој зад себе има импресивно резиме водејќи селекции како Иран, Египет, Колумбија и Катар, но овој пат пред себе има тешка мисија во групата „Л“ каде Гана ќе ги одмери силите со Англија, Хрватска и Панама.

Неговиот мандат на клупата на африканскиот гигант ќе започне на 17 јуни во Торонто против Панама, што ќе биде прв голем тест за неговите амбиции со оваа репрезентација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести