Меѓународен фудбал Фудбал

Ираола: Го мразам август, уште го немам конечниот состав!

Новиот менаџер на Ливерпул, Андони Ираола, ги сумираше впечатоците по летната турнеја во САД и отворено го посочи најголемиот проблем со кој се соочува на сите подготовки, несигурноста што ја носи преодниот рок. Шпанскиот стратег истакна дека му пречи тоа што сезоната наскоро започнува, а тој сè уште нема комплетна слика со кој играчки кадар ќе располага.

„Го мразам август. Натпреварувањата тропаат на врата, а јас сè уште не знам кои играчи ќе пристигнат, а кои ќе го напуштат клубот“, искрен беше Ираола.

Неговата екипа на подготвителниот меч против Лидс доживеа пораз од 4:2, иако по првото полувреме имаше сигурно водство од 2:0. Сепак, кормиларот на „црвените“ оцени дека ова била најкорисната проверка досега, бидејќи падот во второто полувреме послужил како одлична лекција и вистински тест за пропустите кои мора брзо да се коригираат.

Пред првиот официјален предизвик во Премиер лигата против Њукасл на 23 август на „Сент Џејмс Парк“, Ливерпул ќе има уште две подготвителни средби против Монако и Комо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.