Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Иранскиот режим ќе им го замрзне имотот на навивачите кои ја исвиркаа химната!

Режимот во Техеран започна правна одмазда против сопствените навивачи кои ја исвиркаа иранската химна за време на мундијалскиот натпревар против Нов Зеланд. Локалните медиуми пренесуваат дека веќе е направен список на идентификувани фанови против кои се покренати итни постапки, а доколку им се докаже вината, нивниот имот во Иран ќе биде целосно замрзнат.

Голем дел од иранските поддржувачи на стадионот јавно го изразија својот бунт против власта со носење на старото државно знаме со сонце и лав, кое стана глобален симбол на протестите.

Иако навивачите бурно ги прославија двата гола на својата репрезентација, тие во изјави за американските медиуми јасно порачаа дека играчите имаат нивна целосна поддршка, но дека категорично го отфрлаат актуелниот режим и неговите обележја.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.