Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Иран се закани со радикален потег: Си заминуваме од Мундијалот доколку има провокации!

Политичките тензии го доведоа под голем знак прашање учеството на Иран на Светското првенство. Официјален Техеран испрати ултиматум до ФИФА, заканувајќи се со напуштање на теренот доколку на трибините се појават политички протести и пароли насочени против иранското државно раководство.

Министерот за спорт на земјата, Ахмад Доњамали, јасно ја потврди оваа радикална позиција.

„Ја информиравме ФИФА дека репрезентацијата веднаш ќе го напушти мечот штом слушнеме политички слогани на стадионите“, изјави Доњамали за медиумот „Varzesh3“.

Вториот остар услов на Иранците е на трибините да се дозволи исклучиво официјалното државно знаме. Доколку организаторите дозволат истакнување на старото персиско знаме со лав и сонце, кое го користи опозицијата, тимот исто така ќе одбие да игра.

Иран првите два меча против Нов Зеланд и Белгија ќе ги игра во Лос Анџелес, град со огромна иранска дијаспора, а групата ја завршува против Египет во Сиетл. Поради воениот конфликт со Вашингтон, Иранците веќе ја преместија својата база во Мексико (Тихуана) и во САД ќе влегуваат со вонредни летови само на денот на натпреварите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.