Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Иран сака да игра на Мундијалот, но под еден услов!

Фудбалската репрезентација на Иран би можела да биде дел од Мундијалот и да се натпреваруваат на истиот! По низа контроверзи, поврзани со моменталната ситуација, односно војната со Израел поддржана од Соединетите Американски Држави, фудбалската репрезентација има еден услов, кој доколку се исполни тие ќе настапат на Светското првенство ова лето.

Од иранската страна нагласуваат дека не станува збор за бојкот на мундијалот, туку за логистичко и политичко прашање. Иран бара нивните натпревари да бидат преместени од САД во Мексико, при што министерот за спорт истакна дека барањето до ФИФА сè уште е активно, но засега нема добиено одговор.

Иран треба да настапи во групата Г, заедно со селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд, а сите натпревари треба да ги одиграат на територијата на САД. Од безбедносни причини, властите од Терехан одбиваат да ја испратат својата фудбалска делегација на американско тло.

„Доколку ФИФА одговори позитивно, ние со сигурност ќе учествуваме на Мундијалот, но многу е мала веројатноста Иран да игра натпревари во САД. Во моментов немаме никакви гаранции за безбедноста“ изјави Ахмад Доњамали.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести