Меѓународен фудбал Фудбал

Ипсвич по една година се враќа во Премиер Лигата

Екипата на Ипсвич експресно, по само една сезона во Чемпионшип, се врати во Премиер Лигата со победата на домашен терен против КПР со 3:0. Со оваа победа Ипсвич ја задржа предноста на табелата пред Милвол и како второпласиран обезбеди премиерлигашки фудбал на „Портман Роуд“ во наредната сезона. Екипата предводена од Керан МекКена го започна натпреварот фуриозно и веќе по 10 минути имаше предност од 2:0. Прво во 3-та минута погоди Џорџ Хирст, а Џејден Филоген во 9-та минута ја зголеми предноста. Конечниот резултат го постави Кеси МекАтир со гол во 85-та минута.

Претходно Ковентри Сити предводен од Френк Лампард, како првопласиран, се врати во Премиер Лигата по 25 години.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести