Меѓународен фудбал Фудбал

Ипсвич го потврди трансферот на Саша Лукиќ

Ипсвич Таун го потврди трансферот на српскиот репрезентативец Саша Лукиќ од Фулам, во засилување за кое клубот не ја објави обесштетата.

Триесетгодишниот играч за врска потпиша четиригодишен договор со Ипсвич, што значи дека на „Портман Роуд“ ќе остане до летото 2030 година. Лукиќ минатата сезона беше дел од ротацијата на Фулам, со 26 настапи во Премиер лигата, од кои 20 како стартер, а зад своето име запиша еден гол и две асистенции. Српскиот репрезентативец не криеше задоволство по официјализирањето на трансферот, особено поради атмосферата на стадионот на Ипсвич, која веќе имал можност да ја почувствува во Премиер лигата.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.