Меѓународен фудбал Фудбал

Ипсвич доведе 12 засилувања и потроши неверојатни 175 милиони евра!

Повратникот во Премиер лигата, Ипсвич Таун, го потврди своето 12-то ново засилување за ова лето откако го ангажираше 20-годишниот универзалец Абдул Уатара од Стразбур. За услугите на фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска беа издвоени 17 милиони фунти плус дополнителни 4,3 милиони во бонуси, со што вкупната летна инвестиција на „Трактористите“ ја надмина цифрата од 150 милиони фунти (над 175 милиони евра). Со ова, Ипсвич се искачи на високото петто место меѓу најголемите трошаџии во Премиер лигата, зад себе оставајќи ги и гигантите како Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Клучна улога во реализацијата на овој трансфер одигра менаџерот Гери О’Нил, кој претходно соработуваше со Уатара во Стразбур и инсистираше на неговото доаѓање на „Портман Роуд“. По Хулио Енсисо, кој исто така пристигна од францускиот клуб за 26 милиони фунти, Уатара потпиша петгодишен договор до 2031 година. Со доаѓањето на звучни имиња како Саша Лукиќ, Флорентино Луис, Даизен Маеда, Иса Диоп и Чаба Акпом, англискиот клуб досега потроши повеќе пари за засилувања отколку сите елитни клубови од Холандија (120 милиони) и Белгија (70 милиони евра) заедно.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.