Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва од 21 часот во Торонто го започнува својот настап на Светското првенство против еден од домаќините, селекцијата на Канада. По сензационалниот пласман на најголемиот фудбалски собир, БиХ ја очекува голем предизвик на стартот од групата во која се наоѓаат уште и Швајцарија и Катар. Сепак, главна тема во канадските медиуми пред овој дуел не е само тактиката на теренот, туку вистинската навивачка инвазија која се подготвува на трибините.
Локалните извештаи од Торонто велат дека босанските навивачи веќе со недели пристигнуваат во државата, а проценките се дека вечерва на стадионот „БМО Филд“ ќе има дури 30.000 фанатични Босанци. Бидејќи капацитетот на стадионот за потребите на Светското првенство е проширен на 45.000 места, тоа значи дека гостите би можеле да направат сериозен преседан кој досега не е виден во мундијалската историја – репрезентација од друг континент да има далеку поголема поддршка од самиот домаќин на негов терен.
Ваквиот развој на настаните сепак не е целосно изненадување, ако се земе предвид бројната босанска дијаспора која со години живее во Торонто и пошироко во Северна Америка. Настапот на националниот тим донесе огромна еуфорија меѓу иселениците, кои планираат целосно да го обојат стадионот во своите бои. Од друга страна, за Канада ова е исклучително важен натпревар бидејќи со него ја отвора мундијалската приказна пред своите фанови, па притисокот врз домашните фудбалери дефинитивно ќе биде огромен уште пред првиот судиски свиреж.
⚜️BH Fanaticos warming up for tomorrow against Canada! #FIFAWorldCup #CANBIH 🇨🇦🇧🇦 🎥: @EldarKaric_YT Instagram: official.eldark pic.twitter.com/PlunVqqd5o
— Bosnian Football (@BosniaNTBall) June 12, 2026
Downtown Toronto🇨🇦 currently!🇧🇦 #FIFAWorldCup 🎥: https://t.co/X86YXh50l2 pic.twitter.com/jPm70QwFFo
— Bosnian Football (@BosniaNTBall) June 11, 2026

