Меѓународен фудбал Фудбал

Интер од 0:2 до фуриозен пресврт и „петарда“ против Удинезе (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар со дури осум погодоци одиграа фудбалерите на Интер и Удинезе во последниот дуел од 4. коло во италијанската Серија А. На крајот, италијанскиот шампион славеше со спектакуларни 5:3 на „Џузепе Меаца“, покажувајќи шампионски карактер и моќна реакција по почетниот шок.

Почетокот на средбата ни најмалку не наговестуваше ваков расплет. Гостите го шокираа Милано и по само 16 минути игра веќе имаа два гола предност, Абанква ја затресе мрежата во 9. минута, а по поранешниот играч на Ајакс, Екеленкамп, ја дуплираше предноста за Удинезе. Сепак, избраниците на Кристијан Киву брзо се созедоа и уште пред заминување на одмор стигнаа до израмнување благодарение на погодоците на Карлос Аугусто во 26. и Николо Барела во 35. минута.

Во продолжението следуваше целосен фуриозен бран на „нероаѕурите“. Интер го прегази противникот со уште три гола во мрежата преку Маркус Тирам, Еспозито и резервистот Бони, комплетирајќи ја серијата за убедливи 5:2. Сè што успеаја да направат гостите до крајот беше ублажување на поразот преку Геј во судиското надополнување.

Со оваа победа Интер се врати на делба на првата позиција на табелата со 12 бода, рамо до рамо со Рома која ја држи челната позиција единствено поради нешто подобрата гол-разлика. Овие два тима остануваат единствените во Серија А со перфектен ефект од четири победи во воведните четири кола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.