Меѓународен фудбал Фудбал

Интер не сака да го пушти, Еспозито потпиша до 2032 година

Интер продолжува да гради тим со поглед кон иднината, а еден од најважните проекти на клубот е Франческо Пио Еспозито. Младиот италијански напаѓач со своите настапи успеа да ја оправда довербата и сега доби нова потврда дека на „Сан Сиро“ сериозно сметаат на него. „Нераѕурите“ официјално го продолжија договорот со 21-годишниот голгетер до јуни 2032 година. Новиот контракт е овозможен по неодамнешните промени во италијанските правила, кои дозволуваат договори со траење до шест сезони.

Еспозито е дел од академијата на Интер уште од 2014 година, а низ годините ги помина сите младински категории. По двегодишната позајмица во Специја, тој се врати во Милано во 2025 година и постепено се наметна во првиот тим, каде што соработува со капитенот Лаутаро Мартинез. Младиот напаѓач досега има 12 гола и осум асистенции на 53 официјални натпревари за Интер. Добрата форма ја потврди и во репрезентацијата на Италија, за која има пет погодоци на девет настапи по дебито во септември 2025 година. Според италијанските медиуми, со новиот договор Еспозито ќе заработува околу 2,7 милиони евра годишно. Интер со ова јасно покажува дека во него гледа важен дел од својата иднина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.