Меѓународен фудбал Фудбал

Интер Мајами има голем план за Меси по завршувањето на кариерата

Лионел Меси би можел да остане тесно поврзан со Интер Мајами и по завршувањето на својата блескава играчка кариера. Клубот веќе има план Аргентинецот по пензионирањето да добие сопственички удел и да стане еден од акционерите. Претседателот на деловните операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, откри дека клубот сериозно размислува за периодот по Меси, но нагласи дека само аргентинската суперѕвезда ќе одлучи кога ќе стави крај на кариерата.

„Ќе дојде време кога Меси повеќе нема да игра, но тој повеќе од кој било заслужува сам да одлучи кога ќе заврши“, порача Асенси.

Според неговите зборови, планот е Меси веднаш по завршувањето на кариерата да стане акционер во клубот. Во моментов тоа не е можно поради правилата на МЛС, но ситуацијата би се променила кога Аргентинецот повеќе нема да биде активен фудбалер. На тој начин Интер Мајами сака да ја продолжи соработката со својата најголема ѕвезда и по нејзиното повлекување од теренот, претворајќи го Меси од играч и симбол на клубот во дел од неговата сопственичка структура.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.