Редот во соблекувалната на Ливерпул повторно е под знак прашалник по вербалната пресметка меѓу Куртис Џонс и Доминик Собослај на контролниот меч со Рексам, а ситуацијата експресно ја користи Интер. Италијанскиот шампион подигна голем дел од притисокот и испрати подобрена, трета понуда вредна 35 милиони евра за англискиот играч за врска.
Нероаѕурите претходно добија дури два негативни одговора од „Енфилд“ за суми од 25 и 32 милиони евра, со оглед на тоа што раководството на Ливерпул го цени својот фудбалер на минимум 40 милиони евра. Сепак, најголемиот адут на калчолигашот лежи во фактот што Џонс влегува во деликатна фаза од договорот кој му истекува во јуни 2027 година, па англискиот гигант ризикува наскоро да влезе во последната година од соработката без потпишано продолжување.
Иако новиот кормилар на Ливерпул, Андони Ираола, јасно даде до знаење дека смета на единствениот локален играч во првиот тим, Кристијан Киву со сите сили притиска за негов трансфер. Романскиот стратег во Џонс гледа идеален профил за средниот ред на Интер, а наредните денови ќе покажат дали миланскиот клуб ќе ја изедначи бараната сума од 40 милиони за конечно да го заклучи зделката.

