Раководството на Интер реагираше брзо и ја разреши дилемата околу реконструкцијата на дефанзивната линија. По најавеното пристигнување на Џон Стоунс во Милано, тренерот Кристијан Киву ја донесе конечната одлука за идната структура на одбраната.
Германскиот дефанзивец Јан Бисек ја доби довербата од стручниот штаб и ја продолжи соработката со „нероаѕурите“ со нов долгогодишен договор со важност до јуни 2031 година. 25-годишниот стопер, кој пристигна од Орхус во 2023 година, се наметна како клучен дефанзивец во составот.
Од друга страна, Алесандро Бастони е подготвен за заминување. По интересот од страна на Ал Хилал и поранешниот стратег Симоне Инзаги, италијанскиот репрезентативец е пред излезна врата, а неговиот трансфер треба да донесе и сериозно засилување на клупската каса. Дополнителен притисок за негов трансфер надвор од Апенините прават и последните правни проблеми и истрагата што ја води обвинителството во Милано.
Покрај Бисек, Киву за следната сезона во централниот дел од одбраната ќе ги има на располагање уште и Мануел Аканџи, Бенжамен Павар и пристигнатиот Џон Стоунс, а раководството работи и на комплетирање на преговорите за доаѓањето на Кристијан Ромеро од Тотенхем.

