Меѓународен фудбал Фудбал

Интер го врати Станковиќ за 23 милиони евра!

Александар Станковиќ е првото летно засилување на Интер, откако италијанскиот шампион ја активираше откупната клаузула вредна 23 милиони евра.

Синот на фудбалската легенда Дејан Станковиќ стави потпис на долгорочен договор со тимот од Милано со важност до јуни 2031 година. Дваесетгодишниот деструктивен играч за врска зад себе има фантастична натпреварувачка година во Белгија. Тој ја освои шампионската титула со Клуб Бриж и ја понесе престижната награда за најдобар млад фудбалер во тамошното првенство. Белгијците минатото лето го купија од Интер за 9,5 милиони евра, а со оваа експресна препродажба Станковиќ се позиционираше на петтото место на листата на најскапи заминувања во историјата на Клуб Бриж.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.