Каков натпревар на „Џузепе Меаца“!
Интер направи неверојатен пресврт и го совлада Наполи со 3:2, иако гостите имаа предност од два гола во второто полувреме. По динамично, но без голови прво полувреме, Наполи експресно стигна до 2:0. Матео Политано погоди во 50. минута по грешката на Николо Барела, а само три минути подоцна Расмус Хојлунд со мајсторски дијагонален удар го матираше голманот на Интер.
Сепак, шампионот не се предаде и брзо се врати во игра. Лаутаро Мартинез намали по одличниот центаршут на Федерико Димарко, а Маркус Турам во 82. минута донесе израмнување. Во драматичната завршница Интер продолжи да притиска и во судиското продолжение стигна до целосен пресврт. По големата мешаница во шеснаесетникот, топката стигна до Лаутаро, кој од близина го постигна својот втор гол за конечни 3:2!
Со оваа победа Интер останува со максимални девет бодови од трите кола, додека Наполи го претрпе вториот последователен пораз и остана на три бода.

