Интер ја потврди својата апсолутна доминација на Апенинскиот Полуостров. По освојувањето на Скудетото, „нероаѕурите“ го освоија и Купот на Италија.
Вечерва на „Олимпико“ во Рим, Интер славеше против Лацио со сигурни 2:0. Ова е јубилеен десетти трофеј во Купот за миланскиот гигант.
Екипата предводена од Кристијан Киву и Александар Коларов доминираше од самиот почеток. Резултатот беше отворен уште во 14. минута од натпреварот. По еден корнер, Адам Марушиќ несреќно ја затресе сопствената мрежа. До крајот на првото полувреме, Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0.
Во минатото, Лацио двапати му го земаше Купот на Интер. Сепак, вечерва тимот на Маурицио Сари беше инфериорен на домашен терен.
Во второто полувреме, Интер мудро ја бранеше стекнатата предност. Лацио се обиде да се врати преку неколку добри прилики. Исаксен, Нослин и Диа се обидоа да го изненадат противникот. Но, голманот на Интер, Мартинез, остана несовладан до крајот на мечот.

