Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Инфантино за дежурните критичари: Молете се, медитирајте или гледајте фудбал!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, упати остри зборови до сите оние кои упатуваа критики за време на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Преку опширна објава на Инстаграм, тој истакна дека шампионатот донесе заедништво и безбедност за сите посетители.

Првиот човек на светскиот фудбал порача дека ФИФА успешно го организирала најголемиот настан на планетата. Тој изрази жалење за оние кои биле оптоварени со омраза, наместо да уживаат во емоциите и фудбалската игра.

Според Инфантино, над седум милиони луѓе следеле натпревари во 16 градови без ниту еден забележан инцидент. Тој посебно го истакна настапот на Иран во САД како пример каде фудбалот ги надмина сите политички тензии.

На крајот, претседателот на ФИФА им порача на дежурните критичари да престанат со ширење лажни вести. Тој им препорача да најдат мир преку молитва, медитација или едноставно со гледање фудбалски меч.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.