Меѓународен фудбал Фудбал

Инфантино обвинет за фаворизирање на поранешна вработена во УЕФА!

Нови сериозни наводи се појавија во јавноста во врска со периодот кога Џани Инфантино беше генерален секретар на УЕФА. Според истрагата на „Телеграф“, тогашниот функционер наводно бил во врска со вработена во европската фудбалска централа, која за време на тој период била унапредена. Најголемото внимание го привлече тврдењето дека по нејзиното заминување од УЕФА ѝ била исплатена шестцифрена сума, како и дека организацијата покрила околу 45.000 фунти за едногодишни мастер-студии на деловна школа.

УЕФА потврди дека на жената и била исплатена отпремнина и дека биле покриени трошоците за студиите, но нагласи дека сето тоа било направено во согласност со правилата кои тогаш биле во сила. Од организацијата додаваат дека правилата од 2016 година биле значително заострени. ФИФА, пак, ги отфрли сите наводи против Инфантино, оценувајќи ги како невистинити и злонамерни. Од централата посочија и дека никогаш немало официјална жалба од вработен против актуелниот претседател на ФИФА.

Наводите се однесуваат на периодот пред Инфантино да стане претседател на ФИФА, а самиот тој категорично ги негира обвиненијата за какво било недолично однесување или прекршување на правилата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.