ФИФА соопшти дека Џани Инфантино ја доби целосната поддршка од Управниот одбор да остане на претседателската функција по долгиот состанок одржан во Рабат. Средбата беше свикана поради сериозната криза на доверба што настана по контроверзниот обид за продажба на правата за одредено натпреварување.
Во официјалното соопштение од светската куќа на фудбалот се наведува дека раководството ја потврдило единственоста и поддршката за Инфантино како единствен функционер избран од сите 211 национални сојузи. За време на состанокот беа признаени грешките во комуникацијата и во водењето на процесот околу спорниот предлог, кој во меѓувреме е целосно повлечен од процедура. ФИФА исто така испрати официјално извинување до сите членки, најавувајќи детална анализа со цел да се избегнат слични пропусти во иднина.
Иако изминативе денови дел од европските сојузи привремено ја повлекоа поддршката за неговиот реизбор, оваа одлука во Рабат привремено ја смири ситуацијата пред претстојните предизвици. Рокот за поднесување кандидатури за претседателската позиција е до 18 ноември, додека официјалните избори за прв човек на ФИФА ќе се одржат во март 2027 година.

