Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Инфантино ја „пецна“ Италија: Со 64 репрезентации можеби ќе се пласирате на Мундијал!

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се најде на мета на жестоки критики во Италија по една негова изјава која на Апенините беше проттолкувана како крајно невкусен хумор на сметка на националниот тим.

Зборувајќи за медиумите околу евентуалното идно проширување на Светското првенство, Инфантино реши јавно да се пошегува со фактот што четирикратниот светски првак одново го пропушта големиот настан.

„Можеби Италија ќе успее да се пласира на Мундијал доколку турнирот се прошири на 64 репрезентации, а би можеле да го зголемиме и на 228 селекции“, изјави претседателот на ФИФА, иако самата организација брои вкупно 211 земји-членки.

Овој коментар веднаш предизвика револт во Рим. Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, јавно го изрази своето незадоволство и најави дека планира сериозен разговор со Инфантино за да ги разјасни работите, потенцирајќи дека сака лично да го слушне неговиот став по ваквиот потценувачки коментар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.