Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Инциденти во Лондон по четвртфиналето меѓу Франција и Мароко!

Натпреварот меѓу Франција и Мароко на Светското првенство доби несакано продолжение на улиците на Лондон, каде што по последниот судиски свиреж избувнаа инциденти меѓу навивачи и полицијата. Според информациите од британските власти, група навивачи ја блокирала сообраќајницата „Еџвер Роуд“, по што ситуацијата брзо излегла од контрола. Кон полицајците биле фрлани шишиња и пиротехнички средства, што довело до интервенција на дополнителни полициски сили.

Во немирите бил повреден еден полицаец, кој со повреда на главата бил пренесен во болница, а четири лица биле приведени под сомнение за хулиганство и насилно однесување. Од локалните власти остро ги осудија инцидентите и упатија апел до навивачите да покажат спортски дух и почит за време на Светското првенство. Воедно, беше посочено дека ваквите немири не се изолиран случај, бидејќи британските безбедносни служби во последните денови регистрирале повеќе инциденти поврзани со мундијалските натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.