Меѓународен фудбал Фудбал

Ињаки Вилијамс стави крај на репрезентативната кариера

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, објави дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Гана.

„Заминував среќен, горд и мирен, знаејќи дека секогаш го давав максимумот кога го носев овој дрес. Гана ми даде многу повеќе од фудбал“, порача 32-годишниот напаѓач.

Вилијамс е роден и израснат во Шпанија, за која одигра еден натпревар во сениорска конкуренција, но подоцна се одлучи да ја претставува Гана. За африканската селекција запиша 28 настапи и два гола, а настапи и на Светските првенства во Катар во 2022 година и на овогодишниот Мундијал. Целата клупска кариера ја мина во Атлетик Билбао. Неговиот брат Нико, пак, е репрезентативец на Шпанија и светски и европски шампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.