Пред крајот на возбудливата сезона во ПМФЛ, натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Арсими донесе неочекувани сомнежи кои ја брануваат спортската јавност…
За домаќините овој дуел немаше резултатско значење, за гостите трите бода беа клучни за опстанок, што со себе донесе и чудни осцилации на коефициентите во обложувалниците. Имено, почетната квота од 6.00 за победа на Арсими, на час и половина пред натпреварот нагло се спушти на 1.92, за пред самиот старт повторно невообичаено да скокне на високи 5.55!
Дали овие драстични промени се резултат на специфични уплати, мали или големи… останува (не)јасно, но до нашата редакција пристигнаа и фотографии од читатели кои сведочат за уплатени тикети на овој натпревар.
Ваквите несекојдневни појави фрлаат сенка врз домашниот шампионат и директно ги подриваат напорите на Фудбалската федерација на Македонија, која континуирано вложува во развојот на фудбалот. На македонскиот фудбал дефинитивно не му се потребни вакви матни сценарија кои го уништуваат трудот на оние кои чесно работат за напредок на домашниот фудбал!


