Ќе успее ли Де Зерби да најде магична формула за да го извади Тотенхем од огромната криза во која е западнат? Тимот од северен Лондон, со вчерашната победа на Вест Хем над Вулвс, падна на 18 позиција и е во зоната за испаѓање. Авантурата со Игор Тудор на клупата траеше кратко, затоа што ни хрватскиот тренер не успеа да ги раздвижи работите во позитивна насока. Тотенхем во последните 15 натпревари во Премиер Лигата има остварено само една победа, а таа беше многу одамна, на крајот од изминатата година кога го совладаа Кристал Палас на гости со 1:0.
Де Зерби викендов за прв пат ќе го води Тотенхем на гостувањето против Сандерленд, во обид да го спаси тимот од испаѓање во Чемпионшип. Исталијанскиот стратег дојде од француски Марсеј, а предходно има добро искуство со водење екипа од Премиер Лигата, водејќи го Брајтон од 2022 до 2024 година.

