Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Има и полошо од македонските клубови, Црна Гора без бод во Европа!

Црногорскиот клупски фудбал минува низ еден од најтешките периоди во својата историја. По девет одиграни натпревари во европските квалификации, сите четири претставници забележаа девет порази и не освоија ниту еден бод за националниот коефициент.

Дечиќ, Петровац и Морнар беа елиминирани уште во првото квалификациско коло, а шампионот Сутјеска по елиминацијата од Лигата на шампионите убедливо загуби и во првиот меч од второто коло во Конференциската лига. Доколку биде поразена и на реваншот, Црна Гора ќе има катастрофален биланс од 10 порази во 10 натпревари.

Искусниот тренер Брано Милачиќ смета дека главната причина за неуспесите се погрешната клупска политика и ангажирањето на неквалитетни засилувања, додавајќи дека единствениот излез е клубовите повторно да се насочат кон развојот на младите домашни фудбалери.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.