Меѓународен фудбал Фудбал

Икарди пред враќање во Серија А. Лацио тргна по потписот на Аргентинецот!

Мауро Икарди по крајот на минатата сезона ја заврши тригодишната епизода во Галатасарај и во моментов е еден од најбараните слободни агенти на пазарот. Иако за потписот на 33-годишниот аргентински напаѓач први се распрашуваа грчките ривали ПАОК и Олимпијакос, последните вести од Италија најавуваат негово можно враќање на Апенините.

Сепак, не станува збор за неговиот поранешен клуб Интер, туку за Лацио. Според добро информираниот новинар Џанлука Ди Марцио, римскиот клуб дополнително ги интензивираше преговорите, а самиот Икарди гледа исклучително позитивно на можноста повторно да заигра во Серија А и да го облече „небесносиниот“ дрес.

Во целата операција се очекува директно да се вклучи и предводникот на римјаните, Џенаро Гатузо. Познатиот стратег планира лично да стапи во контакт со искусниот голгетер за да го убеди да ги прифати условите и да го предводи нападот на Лацио во претстојните предизвици.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.