Меѓународен фудбал Фудбал

Ибрахимовиќ се потсмева на драмата на „Бернабеу“

Златан Ибрахимовиќ не ја пропушти можноста да ја искоментира драмата со Винисиус Жуниор на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Виљареал. Бразилецот најпрво постигна гол и предизвика еуфорија на „Сантијаго Бернабеу“, но само неколку моменти подоцна доби директен црвен картон. По прегледувањето на ВАР-снимката, судијата го поништи погодокот поради претходното повлекување за коса на противнички фудбалер. Винисиус бурно реагираше, а Антонио Ридигер мораше да интервенира за да спречи дополнителна ескалација.

Поранешниот шведски напаѓач целата ситуација ја опиша како една од најсмешните фудбалски сцени што ги видел во последно време.

„Винисиус го приреди најсмешниот момент што сум го видел во фудбалот неодамна. Сите на „Бернабеу“ беа дел од тоа. Постигна фантастичен гол, Мурињо славеше како дете, а навивачите беа во екстаза. Потоа ВАР го поништи голот и следуваше црвен картон. Винисиус го украде шоуто“, порача Ибрахимовиќ.

Иако Реал Мадрид на крајот ја задржа предноста и славеше со 1-0, вниманието по натпреварот остана насочено кон исклучувањето на Бразилецот. Во шпанските медиуми веќе се шпекулира за можната суспензија, која би можела да има сериозни последици за мадридскиот клуб. Според најавите, Винисиус би можел да го пропушти и големото дерби против Барселона, закажано за 25 октомври. Конечната одлука за евентуалната казна ќе биде особено важна за Реал во пресрет на еден од најзначајните натпревари во сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.