Меѓународен фудбал Фудбал

Ибрахимовиќ пресече: Рубен Аморим е новиот предводник на Милан!

Италијанскиот гигант Милан конечно го пронајде новиот шеф на стручниот штаб, а изборот падна на португалскиот стратег Рубен Аморим. Иако сè уште се чека официјалното соопштение од клубот, најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека сите детали се веќе прецизирани и договорени. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон ќе стави потпис на договор со „росонерите“ до јуни 2028 година, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

Клучниот збор во оваа операција го имаше легендарниот Златан Ибрахимовиќ, кој по подолг период конечно успеа да го реши најгорливото прашање на „Сан Сиро“. По неуспешните обиди на раководството да ги ангажира Андони Ираола или искусниот Ралф Рангник, Ибрахимовиќ ги презеде работите во свои раце и го договори Аморим, кој летово фигурираше како сериозен кандидат на неколку европски клубови.

Португалецот доаѓа во Милано со прилично контрастна репутација во поновата кариера. Тој оствари епохални успеси на клупата на Спортинг каде изгради моќен тим, но потоа претрпе неуспешна и турбулентна епизода на „Олд Трафорд“, па Серија А сега му нуди совршена шанса за фудбалска рехабилитација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.