Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Ибрахимовиќ „грми“ по мундијалскиот скандал: Ја прегледав снимката милион пати, каков офсајд, му го украдовте сонот на еден народ!

Поништувањето на победничкиот гол на Иран во клучниот дуел против Египет предизвика вистински земјотрес на Светското првенство. Иранците поради контроверзната одлука од ВАР-собата останаа без директен пласман во шеснаесетфиналето и сега висат на мундијалската табела чекајќи туѓи резултати, а во нивна одбрана жестоко застана легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Шведската икона упати брутални критики до ФИФА и судиите, обвинувајќи ги за чиста неспособност на најголемата фудбалска сцена.

„Токму поради вакви работи луѓето сè повеќе ја губат довербата во ВАР. Ни велеа дека технологијата се воведува за да ги исправи очигледните грешки, а наместо тоа, таа креира уште поголеми скандали. Ја прегледав снимката безброј пати и сè уште не ми е јасно како некој успеа овде да досуди офсајд. Ако веќе поништувате погодок кој ја крои судбината на една нација на Светско првенство, мора да бидете стопроцентно сигурни, а не да погодувате зад мониторите“, изјави во свој стил популарниот Ибра.

Поранешниот напаѓач додаде дека оваа одлука е непростлива бидејќи директно го уништила повеќемесечниот труд на фудбалерите и ги оставила во солзи милионите фанови на Иран кои веќе го славеа историскиот успех. Според него, судиите не смеат да се кријат зад технологијата кога очигледно ја користат на погрешен начин, порачувајќи дека фудбалот, играчите и навивачите ширум светот заслужуваат многу повисок стандард на судење на најважниот спортски настан на планетата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.