Страстите по мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико не стивнуваат, но кога сите мислеа дека вербалната пресметка меѓу лутите градски ривали го достигна врвот, во приказната неочекувано се вклучи и познатата авиокомпанија „Рајанер“. Ирскиот нискобуџетен превозник реши дополнително да долие бензин на огнот, заземајќи страна со брутална провокација на сметка на „јорганџиите“.
Целиот циркус започна веднаш по завршувањето на мечот, кога тренерот на Реал, Жозе Мурињо, на прес-конференцијата размавта со отпечатена фотографија од еден спорен момент, обвинувајќи ги судиите за двојни аршини. Одговорот од таборот на Атлетико пристигна со иронично видео во кое печатат слика од ликот на Португалецот, исмевајќи ги неговите поплаки.
Но, вистинскиот вирусен земјотрес на социјалните мрежи го предизвика токму „Рајанер“, чиј маркетиншки тим одлучи сурово да се вклучи во војната. Авиокомпанијата објави видео во кое фотокопир-машина исфрла лист хартија со едноставна, но директна порака: „Нула Лига на шампиони“.
Оваа директна сопка удри во најчувствителната точка на навивачите на Атлетико, историскиот факт дека нивниот клуб никогаш го нема подигнато највредниот трофеј во европскиот фудбал и покрај драматичните финални порази, за разлика од нивниот комшија кој е суверен владетел со рекордни 15 европски круни. Видеото за неколку часа стана тотален хит, претворајќи го мадридското фудбалско ривалство во вистинска интернет комедија.
Ryanair, rakip havayolu firmasından sponsorluk alan Atletico Madrid ile dalga geçti: “0 Şampiyonlar Ligi.” pic.twitter.com/f5vSlKdm90
— ESH Spor (@eshspor_) September 23, 2026

