Авто-мото Други спортови

И покрај слабите резултати, Саинц продолжува со Вилијамс

Карлос Саинц и официјално стави крај на дилемите околу својата иднина во Формула 1. Шпанскиот возач потпиша нов повеќегодишен договор со Вилијамс, со кој се обврза да остане во британскиот тим најмалку до крајот на 2027 година. Одлуката доаѓа и покрај тоа што Вилијамс има значително послаба сезона во однос на минатогодишната. По првите 11 трки тимот освои само 11 бодови, но Саинц верува во долгорочниот проект и развојот на екипата.

„Ова е тим во кој верувам и во луѓето кои работат во фабриката и на патеката. Имаме потенцијал заедно да ја промениме ситуацијата“, порача Саинц.

Шпанецот пристигна во Вилијамс во 2025 година по четири сезони во Ферари, а претходно настапуваше и за Мекларен. Во кариерата има четири победи, додека со Вилијамс досега стигна до два подиуми – во Азербејџан и Катар. Со продолжувањето на договорот на Саинц, Вилијамс практично го потврди својот возачки тандем и за 2027 година, откако и Алекс Албон претходно ја продолжи соработката со тимот.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.