Македонски фудбал Фудбал

И кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Младите фудбалски надежи на Вардар уште еднаш покажаа дека клубот има светла иднина со доминирање на домашната сцена. Кадетскиот тим на „црвено-црните“ ја збогати клупската ризница со нов пехар, откако во драматично финале од Купот на Македонија славеше над вечниот ривал Пелистер (по 3-3 во регуларниот дел и 7-5 по изведувањето пенали).

Првото полувреме на комплексот „Петар Милошевски“ донесе изедначена борба која заврши со резултат 1-1, при што скопскиот тим прв го отвори резултатот, а битолчани успеаја да израмнат. Вториот дел понуди вистински спектакл за публиката – Пелистер во два наврати преминуваше во водство, но Вардар покажа карактер и двапати се враќаше во игра. Израмнувачкиот гол за 3-3 вардарци го постигнаа во самиот финиш од мечот, по што победникот мораше да се решава од белата точка.

Во пенал-рулетот фудбалерите на Вардар беа поприсебни и попрецизни. Со овој триумф кадетите само го заокружија успешниот викенд за младинската школа, откако претходниот ден со куп-титули се закитија и пионерите, како и помладите пионери, кои беа подобри од Македонија ЃП и Пелистер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.