Меѓународен фудбал Фудбал

И Ибрахима Конате си заминува од Ливерпул!

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате ќе биде третиот важен столб кој ова лето ќе го напушти Ливерпул, пренесуваат островските и француските медиуми. По комплетниот прекин на преговорите за нов договор, тој изненадувачки реши да стави крај на четиригодишната авантура на „Енфилд“ каде одигра 183 натпревари. Французинот си заминува како слободен играч, што веднаш предизвика паника кај навивачите, но и вистинска војна меѓу европските гиганти.

Заминувањето на Конате е огромен удар за Ливерпул, бидејќи од претходно е познато дека клубот го напуштаат и Мохамед Салах и Енди Робертсон. За потписот на одличниот стопер веќе се заинтересирани Реал Мадрид, Баерн Минхен и Челси, предводен од Чаби Алонсо. Сепак, во моментов најблиску до неговиот ангажман е екипата на ПСЖ, пред сè поради фактот што Конате е роден парижанец.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.